Еден Русин на потешкиот начин научил дека пушењето е штетно за здравјето.
Снимката од надзорната камера од бензинска пумпа во Чељабинск, Русија покажува возач кој решил да запали цигара додека точи гориво.
Последиците биле очекувани, бидејќи возачот очигледно заборавил дека пареите од бензинот се лесно запаливи.
A man in #Chelyabinsk region, #Russia decided to light a cigarette at a petrol station. The result of this can be seen in the video. pic.twitter.com/PaVS5cuU8P
— NEXTA (@nexta_tv) July 30, 2022
Локалните медиуми јавуваат дека мажот се здобил со тешки изгореници на нозете и моментално се опоравува во болница по пресадување на кожа, но дека неговиот живот не е во опасност. Не е познато што се случило со автомобилот.