Никогаш полесно: Од лош до одличен секс за девет дена – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/22 10:00 PM

Никогаш полесно: Од лош до одличен секс за девет дена

Психотерапевтката Шерил Кингсберг осмислила план за подобар секс во неколку чекори, така што секој ден може да применувате по еден од нив.

Значи, девет дена за девет совети!

Таа истакнува дека не морате буквално да се држите до овие совети, но важно е да ја испочитувате нивната суштината, зашто во спротивно резултатите ќе изостанат. Најважно е романсата да не ја земате „здраво за готово“. Многу парови паѓаат во замката на рутината, па со еден нов распоред тие би можеле да ги разгорат страстите, како и да ја зајакнат сексуалната самодоверба  – истакнува професорката Кингсберг.

-Оптеретени сме со постојаното ѕвонење на телефонот, со грижата за децата, со беспарицата. За многу жени сексот стана само уште еден стрес кој им ја црпи енергијата – вели Џина Огден, авторка на книгата „Како да ја вратите желбата“.

Совети за следните 9 дена:

15 минути за секси разговор

Прошетајте по вечерата или разговарајте в кревет пред спиење. Кажете му на партнерот што ви се допаѓа, прашајте го што нему му одговара. Истражувањата покажуваат дека жените кои отворено кажуваат штом се допаѓа во кревет, се за 30 отсто позадоволни со својот сексуален живот. Задржете ја оваа навика во следните две недели, ќе ви помогне повторно да се поврзете со партнерот. Запишете ги на хартија петте детали поради кои го сакате своето тело.

Повеќе од 20 отсто од жените велат дека во текот на сексот ги кочи незадоволството со сопственото тело, но за мажите тоа е сосема неважно во кревет. Имено, само 5 % од мажите се незадоволни со телото на нивната партнерка во текот на сексот.

Филмски бакнеж за добро утро

Наместо да станете од кревет веднаш откако ќе заѕвони алармот, украдете пет минути и гушкајте се, гледајте се во очи. Бакнете се филмски и тоа нека ви биде правило. Спијте во удобна облека, но нека биде и по малку секси, наместо стари уништени маици.

Утрински брз секс

Додадете го сексот во својот утрински распоред. Нема изговори, не ви требаат повеќе од десетина минути. Во текот на вечерта пак, можете петнаесетина минути да поразговарате за нови пози па дури и за употреба на секс играчки.

Масажа пред спиење

Вклучете дваесетминутно вежбање дневно во својот распоред. Еден од начините за да бидете физички активни е и одењето, односно враќањето од работа пеш.

Истражувајте ги вашите тела под туш, допирајте се и мулувајте се за да почувствувате што ве возбудува. Навечер почастете се со мала масажа и сензуални допири.

Истражувајте го своето тело

Пробајте некои основни јога положби, испланирајте го следното излегување со партнерот, одберете некој нов ресторан или филм кој ќе го гледате заеднички. Отидете рано в кревет и разговарајте.

Читајте еротски романи

Опуштете се барем еден ден во неделата правејќи го она што го сакате. Купете си книги и списанија со еротска содржина и читајте ги на глас со партнерот навечер. Ова ќе ви помогне да заспиете со сексот на ум или ќе ве анимира да се забавувате со партнерот пред да заспиете.

Мали знаци на внимание

Бидете љубезни со партнерот, давајте му комплименти, и од време на време подарете му некој мал, симболичен подарок. Исто така, бидете љубезни и кон себе, подарете си самите на себе некое парче облека во кое ќе се чувствувате секси.

Одете на професионална масажа

Закажете масажа во салон за двајцата. Истражувањата покажале дека допирот кај жените го зголемува нивото на окситоцинот кој претставува хормон на задоволството, а тоа секако ќе ја зголеми желбата за секс.

Пренесете ги своите мисли на хартија

Размислете и проценете ја предноста која сте ја имале од времето кое сте му го посветиле на партнерот во вашата врска. Запишете што ви се допаднало, а што не и кажете му и на вашиот партнер да го запише истото. Наизменично читајте кој што напишал на хартија. Размислувајте за нови идеи и разговарајте за нив.

 

Извор: srecna.republika.rs