Нови 844 случаи со Ковид-19, тројца починати – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/22 2:13 PM

Нови 844 случаи со Ковид-19, тројца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, три починати лица од Скопје (72г,76г и 83г) и 815 оздравени пациенти. Трите лица се починати во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 5 јули до 30 јули, соопшти Министерството за здравство.
Од 844 новозаболени од Скопје се 374, Kуманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.

Пехчево и Дојран се единствените градови во државава, каде имаат по еден регистриран заразен, додека Скопје и понатаму е на врвот на табелата со 1749 заразени.