Зошто летувањето на море ни е толку потребно: Комбинација од вода, свеж воздух и одмор во вистинска смисла на зборот – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/22 6:00 PM

Зошто летувањето на море ни е толку потребно: Комбинација од вода, свеж воздух и одмор во вистинска смисла на зборот

Одморот на плажа делува толку релаксирачки и препородува, зарем не? Причините за тоа се следни…

Вдишување на здрав морски воздух

Морскиот воздух е толку здрав бидејќи содржи ситни капки на морска вода збогатени со сол, јод и магнезиум кои ветерот и брановите ги распрскуваат низ воздухот. Познати како аеросоли, тие ја забрзуваат нашата способност за апсорбција на кислород. Негативните јони исто така ја урамнотежуваат разликата на сератонин, телесните хемикалии за опуштање и полнење со енергија.

Физичка активност

Пливањето и другите активности во морето и на плажа се пријатни и забавни, бонус е тоа што се извонредни кардио вежби, фантастични за здравјето на срцето. Шетањето по плажа исто така и неизбежното одење по песок се сосема добра вежба за нозете.

Намалување на стресот

Плажата е совршено место за ослободување од стресот: лежењето и читањето книга и весници, натопувањето на ножните прсти во море, одење по плажата додека морскиот ветер ви дува во лицето, спиењето…

Витамин Д

Забрзаниот живот и многу време поминато со работа во затворен простор можат да имаат негативни последици по нашето здравје. Под услов да користите крема за сончање со заштитен фактор и ја избегнувате горештината за време на ручекот, малото изложување на сонце може да го подобри вашето чувство на физичка и емоционална благосостојба. Сонцето поттикнува производство на витамин Д, што на нашето тело му овозможува добро да го искористи фосфорот и калциумот, поттикнувајќи силни коски и делба на клетките.

Лековита моќ на солената вода

Дали сте знаеле дека морската вода содржи околу 3,5% сол и 83 елементи од периодичниот систем на елементи? Морската вода содржи голем број на минерали кои му се потребни на телото за детоксификација. Таа го подобрува зараснувањето на раните, ги ублажува инфекциите и симптомите на артритис и псоријаза. Ја подобрува циркулацијата, ги опушта мускулите, го намалува стресот, помага во хидратација и подобрувањето на изгледот на кожата.

Подобар сон

Морскиот воздух е полн со честички кои ја подобруваат апсорбцијата на кислород и ја неутрализираат штетата настаната со присуството на слободни радикали. Тоа нѐ прави да бидеме поопуштени и поодморени.

Спомени од детство

Поминувањето на времето покрај плажа секогаш ги враќа спомените од детството за копање во песокот, градење на дворци од песко, играњето во морето, поминување на квалитетно време со родителите и браќата и сестрите. Среќните спомени го зголемуваат чувството на среќа, самодоверба и што е најважно, сератонин.

Дигитална детоксикација

Малку време за дигитална детоксикација е добро за умот, телото и душата. Студиите покажале дека постојаната „вклученост“ доведува до стрес, губење на сонот и депресија. Одморот на плажа е најдобро време за „исклучување“. Има премногу други работи кои можеме да ги правиме на плажа, вклучувајќи опуштање и уживање во убавините на природата.