Туристите во Ситонија не се извисени, ќе си останат цел одмор, недоразбирањето е решено, велат од ЈК Травел – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/22 9:05 PM

Туристите во Ситонија не се извисени, ќе си останат цел одмор, недоразбирањето е решено, велат од ЈК Травел

Хотелот Gerakini Sitonia vilage во Грција денес им го прекинал одморот на 10 семејства од Македонија, поради нерасчистени сметки со Агенцијата ЈК Травел, преку која имале уплатени осум дена.

Оваа информација пред малку стаса како порака од македонските туристи, кои со семејствата уплатиле осум дена одмор во овој хотел, но проблемот, како што информираат, настанал поради тоа што агенцијата наводно ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.


-Моментално луѓето со мали деца се пред хотелот и немаат каде да ја поминат ноќта, се вели во информацијата.

„Оставени сме на улица тука околу 40 души. Исто така на доаѓање две семејства со мали деца беа оставени една ноќ сами да се снаоѓаат на улица поради нерегуларна работа на агенцијата ЈК Травел“, изјавиле туристите.

ММС се обрати до Агенцијата ЈК Травел од каде ни беше речено дека настанало недоразбирање и дека нема потреба гостите да заминуваат, туку ќе си останат цел одмор, колку и што имале уплатено.

-Никој од гостите нема да биде избркан, си остануваат до недела, до кога им е аранжманот.  Дека е тоа така веќе се информирани сите туристи кои заминаа на одмор преку нашата агенција и тоа по смс пораки, велат од агенцијата.

Од ЈК Травел се чудат што се кренала толку голема паника, бидејќи листовите во хотелот биле закачени  во18 часот попладнево, кога и им се јавиле на македонските туристи и веднаш било реагирано.

-Станува збор за недоразбирање, кое веднаш е решено, туристите може да си уживаат во целиот одмор, велат од ЈК Травел.