Нови 178 случаи со Ковид-19, двајца починати од Струга и Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/22 2:45 PM

Нови 178 случаи со Ковид-19, двајца починати од Струга и Охрид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи со КОВИД-19, две починати лица од Скопје (72г и 60г) и 592 оздравени пациенти. Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Од 178 новозаболени од Скопје се 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.