Форум за надминување на предизвиците од даночните и кадровски политики во ИКТ секторот – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/18 12:46 PM

Форум за надминување на предизвиците од даночните и кадровски политики во ИКТ секторот

Подобрување на бизнис регулативата и директен дијалог со приватниот сектор за надминување на предизвиците од даночните и кадрови политики врз ИКТ секторот во Република Македонија, порачаа учесниците на форумот за подобрување на бизнис климата во Македонија преку поттикнување на општествени и економски промени, организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

На форумот беа разгледани проблемите и предизвиците со кои компаниите за ИКТ се соочуваат со данокот на додадена вредност (ДДВ) и данок на добивка и персонален данок од една страна, како и обезбедување работна сила во ИКТ секторот преку квалификација, доквалификација и преквалификација на кадри, истовремено соочувајќи се со предизвикот за тоа како да се задржат ИКТ експертите во Македонија.

Вметнувањето на светските трендови во секојдневното работење на компаниите како една од мерките за задржување на ИТ професионалците во земјава. ОВа го предлага извршната директорка на Стопанската комора за ИКТ, Анита Никова Бундовски  .

„Нашите компании се повеќе работат за странство, и тоа е еден позитивен плус исчекор со кои вработените во ИКТ секторот се задоволни сакаат да пауваат, сакаат да одат на различни дестинации каде што нависина се стекнуваат со повеќе искуства и знаење“, потенцираше Никова Бундовски.

Според  неа, кон одливот на овие кадри дополнително придонесуваат и даноците во земјава. Бизнис заедницата бара даночната реформа за прогресивен данок да биде одложена ЗА Пет години

„Одложувањето е оставено како период простор во кој би се консултирале заедно со Владата за да видиме какво влијание би имала таа измена на краток и на долг рок“, додава Анита Никова Будиновски.

ИКТ секторот во Романија дава посебни бенефиции и  даночни олеснувања на индивидуалците и компаниите, а со тоа има  десет пати зголемен ИКТ кадар.

„Покрај даночните олеснувања, посебен акцент се става на соработката помеѓу компаниите и образовните институции за ИКТ кадар каде што  преку најразлични можности за донирање и спонзорство од аспект од заедницата кон образовните институции ги стимулираат од даночен аспект да плаќаат помалку данок од добивка доколку тие пари ги вложат во образованието. Тоа е долгорочен процес  и покажал сериозен ефект во градењето на  кадрите“,  вели Кристијан Бадер – Експерт за даноци и финансии од Романија.

Даноци и кадри, беа двете теми на кои денеска се посвети форумот „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македнија“. Помош на микро, малите и средните  компании да станат што е можно поусогласени со македонската бизнис регулатива, беше главна цел на денешниот форум во организација на  четирите стопански комори  во Република Македонија поддржан од УСАИД.