Тампони и пливање: Правила за безбедно уживање на плажа или базен – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/22 6:00 PM

Тампони и пливање: Правила за безбедно уживање на плажа или базен

Не дозволувајте менструалниот циклус да ви го расипе уживањето на плажа или базен. Одморајте безгрижно и размислете за опцијата да пливате носејќи тампон.

Користете тампон на плажа или во базен само ако користите и вообичаено

Многу поудобно ќе се чувствувате ако веќе сте навикнати на тампони или ако сте почнале да ги користите неколку месеци пред одморот, наместо да ги користите за првпат откако сте отишле на плажа односно на базен. Кога ќе го отворите тампонот пронајдете положба во која ќе се чувствувате удобно за да може да го вметнете со помош на апликаторот.

Тампонот не смеете да го почувствувате

Движете се за да бидете сигурни дека не го чувствувате тампонот. Доколку имате болка обидете се да го ставите подлабоко, а ако тоа не е возможно, значи дека вашиот менструален циклус е при крај. Во тој случај не туркајте го тампонот насилно, бидејќи болката би можела да се зголеми.

Изберете добар костим за капење

Додека имате менструација најдобро е да носите костим за капење со темна боја. Исто така, добро е да изберете костим со долен дел од подебел материјал. Едноставно одберете костим за капење во кој ќе ви биде удбно и кој во долниот дел доволно ве покрива. Така ќе можете да бидете поопуштени.

Внимавајте да не виси конецот од тампонот

Кончето од тампонот може да се познава преку долниот дел од костимот за капење па проверете да не ви се случило тоа. Кончето можете и да го скратите со помош на ножици, но не премногу, бидејќи во спротивно ќе имате проблем со вадењето на тампонот.

Не носете дневни влошки

Многу жени покрај тампонот, користат и дневни влошки, но тие во случајов не се потребни бидејќи немаат доволно моќ на впивање, а и може да се одлепат од костимот за капење додека сте во вода. Дневните влошки може да ви бидат од корист додека се сончате или додека уживате во некоја друга активност, но не и за време на пливањето.

За дополнителна безбедност и безгрижност облечете кратки панталони кога ќе излезете од вода

Ако сакате дополнителна заштита или ви е незгодно да седите на плажа само во костим за капење, откако ќе завршите со пливањето облечете кратки панталони, за кои е пожелно да се со потемна боја.

Тампонот менувајте го често

За да се чувствувате посигурно и поопуштено, тампонот менувајте го отприлика на два часа.

 

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr

Фото: Илустрација / Unsplash