Кога Ненси Пелоси ќе си замине од Тајван, Кина тргнува во акција – Мапата на воената вежба го вознемири светот – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/22 10:16 AM

Кога Ненси Пелоси ќе си замине од Тајван, Кина тргнува во акција – Мапата на воената вежба го вознемири светот

Владата на Тајван остро ја осуди најавата на Кина за четиридневни воени вежби со боева муниција, кои Кинезите планираат да ги одржат околу островот.

Ваквите вежби претставуваат „прекршување на територијата на Тајван“ и „блокада на воздушниот и поморскиот простор на Тајван“, соопшти тајванската влада.

Дописникот на Би-Би-Си од Кина, Стивен Мекдонел, твитна мапа објавена од кинеските државни медиуми. Мапата ги прикажува локациите на планираните кинески воени вежби, кои ќе се одржат од четврток до недела, откако Ненси Пелоси ќе го напушти Тајван.


Тајван ја подигна воената готовност

Тајванскиот претседател Цаи, исто така, ги осуди воените вежби на Кина, велејќи дека тоа е „непотребна реакција“.

„Тајван е посветен на одржување на статус кво во тајванскиот теснец“, рече Цаи.

Тајванското министерство за одбрана соопшти дека „ќе се спротивстави на секој потег што го нарушува територијалниот суверенитет на Тајван“, додавајќи дека тоа ја зголемило подготвеноста на војската.

Пекинг рече дека „ниту еден странски авион или брод не треба да влезе во областа додека таму се одржуваат состаноци“.

ИЗвор: Мондо.рс

Фото: Твитер