Повторно се чувствувам како жена – Деми Ловато веќе не е небинарна личност – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/22 9:32 AM

Повторно се чувствувам како жена – Деми Ловато веќе не е небинарна личност

Поп ѕвездата Деми Ловато, која минатата година објави дека се смета себеси за небинарна личност, повторно почна да ги користи заменките „таа/неа“ наместо „тие/нивните“.

Во најновата епизода од подкастот „Споут“, водителката Тамара Дија во разговор со Деми призна дека сè уште „не ја разбира баш“ заменката тие. Пејачката ја користи заменката од мај 2021 година, кога изјави дека не се идентификува исклучиво како машко или женско.

„Да, тие се, хм, јас всушност повторно ги усвоив заменките таа/неа“, рече Деми на подкастот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)


„Јас сум многу променлива личност, минатата година почувствував дека мојата енергија е избалансирана во мојата машка и женска страна. На пример, кога требаше да одам во јавен тоалет и во тој момент требаше да изберам во кој да влезам, женски или машки, мислев дека нема вистински избор за мене затоа што не мора да се чувствувам како жена, но не се чувствував ниту како маж. Едноставно се чувствував како човек.  Се работи само за да се чувствувате како човечко суштество во вашата срж“, рече таа.

Таа додаде дека во последно време повторно се чувствува како жена, што ја поттикнало покрај „тие“ да ги користи и заменките „таа/неа“.

Пејачката и претходно отворено зборуваше за нејзиниот пристап кон полот и сексуалноста. Таа откри дека е пансексуалка за време на епизодата од март 2021 година од подкастот на Џо Роган.
„Јас сум флуидна, а дел од причината зошто сум толку флуидна е затоа што бев многу затворена“, рече таа.

Кога Роган ја прашал дали сака жени или мажи, таа рекла дека не ѝ е грижа.

Во 2018 година, Ловато речиси се предозирала, што ѝ го оштетило мозокот и ѝ предизвикало делумно слепило.

 

Извор: Индекс.хр

Фото: Инстаграм