Петар Грашо итно завршил во болница на инфузија – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/22 3:32 PM

Петар Грашо итно завршил во болница на инфузија

Пејачот Петар Грашо итно бил примен во болница, а овие наводи ги потврди и неговата менаџерка Мартина Подгорски, пишува Стори.хр.

Пејачот неодамна стана татко, а сите случувања околу него, брзиот живот, настапи и малку одмор предизвикале пад на имунитетот, поради што отишол на лекари и примил инфузија.
– Прими витаминска инјекција. Не станува збор за некои потешки ситуации и болницата – изјави таа за Стори.хр.

Менаџерката додала дека се е во ред  и со Хана и Алба.

Хана Хуљиќ се породи на 17 јули, а младата мајка излегла од породилиштето во придружба на нејзината мајка Вјекослава, бидејќи Петар имал веќе закажано настапи, кои влијаеа на здравјето на новопечениот татко.