Три лица загинале, а едно е пренесено во болница, по сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.
Според првичните информации, автомобилот со кој се превезувале жртвите излетал од коловозот кај Стрезимирски мост и паднал во Радика.
Извори во МВР информираат дека патничко моторно возило „Рено“ со германски национални ознаки излетало од коловозот околу 16:50 часот. На местото на несреќата, првично починале три лица – две машки и едно женско, а едно женско лице е пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ на укажување лекарска помош.
Екипи на СВР Тетово се на местото на настанот и наскоро се очекува да започне увид, што ќе го врши јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар.
Засега сообраќајот на овој патен правец се одвива без ограничувања.