Медитацијата против стресот која може да ја правите и додека сте на работа ќе ви одземе само пет минути.
Потребата за внатрешен мир и рамнотежа во последно време е уште поизразена поради надворешните околности. Ако на своето работно место имате стрес и сакате да се смирите, можете да медитирате за да се ослободите од стресот.
Повеќето од нас поминуваат доста време седејќи во своите канцеларии, па една кратка пракса на медитација може да ви биде од корист за да си го разубавите денот. Во зависност од тоа какво работно место имате, можеби ќе морате да бидете креативни во пронаоѓањето мирно место. Пронајдете празна канцеларија или ако имате парк во близина на работното место отидете таму. Всушност, можете да медитирате каде било, само е важно да пронајдете мирно место.
Почнете така што своето внимание ќе го насочите на здивот.
Кога ќе бидете подготвени, насочете го своето внимание на табаните, отворете го својот ум за какви било сензации.
Можеби ќе забележите притисок на табаните.
Само обрнете внимание. Нема потреба да судите или да се впуштате во размислување. Ако забележите дека мислите ви „лутаат“ само пренасочете во вниманието.
Пренасочете го своето внимание на глуждовите, потколениците, колената…
Постепено „скенирајте“ го своето тело и бидете отворени за она што е сега и овде.
Извор: sensa.story.hr
Фото: Freepik.com