Не можете да заспиете? Едноставни ритуали за полесно да потонете во сон – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/22 9:00 PM

Не можете да заспиете? Едноставни ритуали за полесно да потонете во сон

На крајот од денот кој ни бил исполнет со физички и ментални активности и обврски, телото може да биде навистина уморно, а тоа води кон несоница.

Во таква ситуација кога не можете да потонете во сон, а лежите во вашиот кревет, обидете се да примените некои од следните смирувачки ритуали:

Набројте најмалку десет работи за кои сте благодарни во денот кој е зад вас

Осмислете своја лична ‘мантра’ и изговарајте ја на глас или пак, во себе додека не заспиете.

Визуелизирајте се како се заземјувате низ вашите стапала, поврзувајќи се со земјата под вас, која ве лекува и релаксира.