Не дозволувајте да се претворат во дела или зборови: Едноставни начини за ослободување од негативните мисли – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/22 5:00 PM

Не дозволувајте да се претворат во дела или зборови: Едноставни начини за ослободување од негативните мисли

Негативните мисли не може да имаат моќ над нас освен ако не одлучиме поинаку.

Сепак, токсичните мисли не нè дефинираат како личности и тие немаат врска со нашиот карактер. За жал, таквите мисли водат кон проблеми во животот бидејќи кога размислувате негативно, вашата енергија оди таму каде што е вашето внимание. За среќа, секој од нас има моќ да ги насочи мислите таму каде што сака, иако тоа понекогаш не е лесно. Негативните мисли не можат да траат вечно, а секогаш можете да ги промените.

Ви откриваме начини на кои можете да се ослободите од негативните мисли:

Не размислувајте постојано за проблемот

Континуираното размислување за проблемот нема да доведе до решение. Ако не се потрудите, вашите проблеми ќе останат, а претераното размислување ќе ве испаничи, па ќе изгубите контрола над ситуацијата. Кога и да се појават такви мисли во вашиот ум, запишете ги на хартија, а потоа напишете како според вас, ви изгледало решението. Правете го ова секогаш кога ќе ви се јават такви мисли, па потоа запрашајте се дали проблемот е вреден за вашиот стрес? Ако одговор е ‘не’ повторно прочитајте го напишаното.

Заборавете на хипотетичките проблеми

Негативните мисли и претераното размислување создаваат илузија дека имате повеќе проблеми одошто реално имате. Со други зборови, така ќе почнете да се опседнувате со проблеми кои воопшто не постојат, односно да создавате хипотетички ситуации. Ако сметате дека не сте доволно убави или привлечни, прво треба да ги процените доказите, а потоа да почнете да трагате по решение, ако проблемот воопшто постои.

Бидете свесни за своите мисли

Нашата свест неретко знае да биде наш непријател. Многу е важно да бидеме свесни за се околу себе во секојдневието за да можеме да ги избегнеме негативните мисли, но и да бидеме оптимистични, смирени и сосредоточени. Затоа станете, длабоко вдишете и размислете за вашите начини на размислување. Тука многу ќе ви помогне и медитирањето. Целта е да ги набљудувате своите мисли пред да ги претворите во дела и зборови.

 

Извор: sensa.story.hr