Позитивното влијание на какао флаваноли на нашиот кардиоваскуларен систем.
Следниот пат кога ќе посакате нешто благо-посегнете по темно чоколадо. Научниците откриле дека флаванолите-атиоксиданси кои се наоѓаат во какаото-можат да го намалат крвниот притисок и да придонесат во јакнење на срцето. Тие, како што е утврдено, го прават тоа така што ги одржуваат ѕидовите на крвните садови еластични, што од своја страна овозможува крвта полесно да струи низ телото.
За жал на љубителите на слатките , млечното чоколади и понатму не е добра идеја и подобро е да се прескокне бидејќи има многу шеќер, а воглавно содржи само 25% какао, додека темното чоколадо може во својот состав да има дури 90% какао.
Студија на Универзитетот во Сарија, имено открила дека луѓето кои земале суплементи од какао имале понизок крвен притисок и поеластични крвни садови во рок од три часа. Таблетите имале флаваноли како што има околу пола килограм црно чоколадо, која вообичаено се продава во плочки од 100 грама.
Неоспорно позитивно влијание на како флаванолот на нашиот кардиовасуларен систем-објаснува водечкиот истражувач, професорот Кристијан Хајс, кардиолог.
Како што наведува Дејли Мејл, околу една третина од луѓето во Голема Британија има висок крвен притисок, што ги става во поголем ризик од срцев и мозочен удар. Лиснатиот зеленчук, лукот, јаболката, црепите, соја, па дури и црното вино исто така се богати со антиоксиданси кои го одржуваат срцето здраво.
Во најновата студија, 11 здрави возрасни луѓе конзумирале капусла какао или плацебо, наизменично преку еден ден речиси две недели додека се занимавале со секојдневниот живот. Улесниците носеле апарат за мерење крвен притисок на раката и копче за прстите кое мерело колку артериите им се вкочанети.
На крајот од студијата е утврдено дека нивниот крвен притисок бил понисок, а артериите полабави, а во деновите кога земале флаваноли-дури и осум часа подоцна. А она што е најважно, суплементите не го намалиле крвниот притисок во деновите кога тој бил низок.
Професорот Хајс истакнува дека ова откритие може да биде пресвртница кога е во прашање користењето на медикаменти за одржување на притисок.
Честопати лекарите се плашат од тоа што некои таблети за крвен притисок можат и премногу да го намалат притисокот во текот на денот. Тоа што го откривме укажува на тоа дека какао флаванолите го снижуваат крвниот притисок само доколку е покачен-рекол професор Хајс и најавил дека сега планира да тестира таблети меѓу пациентите со дијагноза висок крвен притисок.
Извор: telegraf.rs
Фото: Фрипик