Најголемите митови за тампоните и нивното користење – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/22 10:00 PM

Најголемите митови за тампоните и нивното користење

 

Некои жени ги сакаат, некои ги мразат, а некои воопшто ги немат испробано-зборуваме за тампоните.

За поделените мислења секако придонесуваат митовите кои многу жени ги имаат слушано во младоста. Ви откриваме шест најчести митови за тампоните.

Се чини дека тампоните се една од оние работи околу кои и денес се водат бројни расправи, Некои жени ги сакаат, други не се осудуваат ни да ги пробат, а трети ги користат секој месец. Доколку ги прашате последните, ќе кажат дека не можат да го замислат животот без тампони-нема неугодни мириси ни лепливо чувство како кај влошките, а тампоните им се летен адут бидејќи со нив можат непречено да престојуваат на плажа. Секако под услов да го менуваат тампонот на секои четири часа. Но и покрај предностите во летните месеци, втората група на ѓени-оние кои никогаш користеле тампони-цврсто стојат на својата одлука. Во најголем дел тоа е поради стравот дека тампонот ќе им се загуби или нема да знаат правилно да го наместат. Нив ги плаши ризиокот од токсичен шок, но од друга страна и страшните приказни кои најлесто ги слушале во младоста од свпите врснички.

Всушност вистина е дека многу во тинејџерските години немале можност потемелно да се информираат околу овие теми па лесно поверувале во некои од не баш точните приказни. Најраспространета приказна е таа дека тампоните не смеат да се користат до првиот интимен однос бидејќи ќе го оштети хименот. Тоа и не е баш така-хименот има отвор низ кој протекува менструалната крв, а на пазарот постојат и мини тампони. Значи, нема грижа доколку тампонот правилно се стави и извади.

Издвојуваљме и разбиваме уште шест митови за тампоните

Мит#1- Не е важно кој тампон го користиш

Секако дека е важно. Не одговараат сите величини на сите жени и не адекватни за сите денови на менструацијата. Првите денови од циклусот треба да се користат тампони кои повеќе впиваат, а како што крварењето намалува треба да се користат помали тампони. Доколку се користи поголем тампон во последниот ден од циклусот, големи се можностите да се исуши вагината, а истото се однесува и за оние жени кои имаат послаб циклус. Тешко е да се каже како да се одреди величината на тампони за одреден ден-секоја жена треба да се води од чувството или да се консултира со својот гинеколог. Доколку сега се запознаваш со светот на тампоните, ќе ти треба време за да се навикнеш на нив, а на почеток е добро влошките да се комбинираат со тампони па да се одлучи која варијанта е подобра. Сепак не сме сите исти, а тоа с еоднесува и за величината на тампоните.

 

 

 

 

Мит # 2- Тампоните немаат рок на траење

Всушност имаат. Доколку држиш тампон на дното на торбата, тие лесно собираат прашина,а во најлош случај и бактерии. Најдобро е неискористените тампони од торбата да се фрлат после неколку недели. Доколку пак тампоните ги чуваш во оригнално пакување во адекватни услови, би требало да можат да се користат 5 години по купувањето. Значи не прави залиха на нечисти и влажни места и се ќе биде во ред.

Мит # 3 – Не смееш да пливаш-дури и со тампон

Меточно. Секако дека нема да влегуваш во вода доколку во текот на циклусот не се чувствуваш најдобро или најпријатно, но во теорија слободно можеш да пливаш. Пливањето како и секоја друга телесна активност, ќе ги намали менстралните грчеви и подуеноста и ќе ти овозможат да се чувствуваш подобро. Пливањето со тампон е сигурно, сепак има во предвид дека веднаш после бањањето треба да го смениш тампонот и да го смениш костимот за капење. Во тие денови секоја жена е подложна на инфекции затоа е подобро да се спречи одколку да се лечи.

Мит # 4 – „Тоа ќе ти се изгуби“

Сигурно нема. Женскиот полов огран не е бескрајно долг. Тампонот може малку да се помрдне, но не може да се заглави. Дури и кога ќе се случи тоа, тампонот не оди подалеку од вагиналниот канал и може да се извади што ќе се опуштиш. Доколку имаш чувство дека ќе се заглави, веројатно повеќе си ги стегнала мускулите или се имаш уплашено. Важно е да се знае да се стави и да се извади тампонот, а тоа си бара искуство. Во текот на ставањето, тоа оди вака: извлечи го конецот па лесно повлечи го внимавајќи да остане прицврстен за тампонот. Потоа со показалецот стави го во поднежјето на тампонот-таму каде што е прицврстен конецот, а со другата рака рашири ги малите усни и кожа околу вагиналниот отвор.понатаму, турни го тампонот со показалецот додека не почувствуваш лесен отпор-тоа значи дека го имаш ставено до грлото на матката. Доколку е поставен добро, не би требало да смета. Кога го вадиш, лесно но еднолично повелчи го конецот и ивади го тампонот. Тоа нјлесно се прави во клечечка позиција. Следејќи ги овие правила тампонот сигурно нема да се изгуби

Мит # 5 – Со тампон не можеш да спиеш

Ако ова кога си била млада ти гокажале мајка ти или бабати ти, разбери ги. Кога тампоните се појавиле, луѓето не знаеле што да очекуваат ни дали може нешто да се случи. Така произлезел митот дека тампоните никако не смеат да се носат во текот на ноќта. Иако многумина ќе спијат со влошки, нема ништо да ти се случи доколку носиш тампон во текот на ноќта. Медицината има голрм напредок, а материјалите од кои се изработени тампоните се многу поквалитетни од порано, а денес тампоните можат да се користат и повеќе од четири часа. Но секогаш со едно но, доколку планираш да спиеш десет часа, тогаш подобар избор е влошката.

 

 

 

Мит # 6 – Како ќе одиш во тоалет

Некои мислат дека тампонот треба да се менува во текот на секое одење во тоалет. Но не мора да се вади во текот на секое мокрење бидејќи тампонот не го блокира мокрачниот канал. Овој мит произлегува од непознавањето на женската анатомија—матката и мокрачниот канал не е исто. Исто така, ако се обидеш да го менуваш многу често, моеш да имаш проблем со извлекување на ненатопен тампон. Да заклучиме дека менувањето на тампоните и мокрењето треба да ги сметаш за посебни случувања.

Извор: zena.rtl.hr

Фото: hr.wikipedia.org