Да не се чудиме зошто се гине! Зошто не помагаат казните за брзо возење? – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/22 10:00 AM

Да не се чудиме зошто се гине! Зошто не помагаат казните за брзо возење?

Во текот на вчерашниот ден (31.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 743 возачи.

-Од нив 72 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 25 возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 395 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 348 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.

 

Секој ден 1.100 млади лица го губат животот во сообраќајки, најчести причини – алкохол и брзо возење

Автопатиштата ни се како патеки во Формула 1 – За еден ден 502 казни за брзо возење