Кој ќе го наследи Борис Џонсон? Конзервативците почнуваат да гласаат – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/22 9:10 AM

Кој ќе го наследи Борис Џонсон? Конзервативците почнуваат да гласаат

Членовите на британската конзервативна партија гласаат оваа недела за избор на нивниот нов лидер, кој ќе го наследи Борис Џонсон на премиерската функција, а Лиз Трас е фаворит пред Риши Сунак.

Трас добро и оди во анкетите по првите телевизиски дебати во кои се соочи со поранешниот министер за финансии.

Членовите на партијата на власт,   околу 200.000, имаат рок до 2 септември да гласаат за својот фаворит. Резултатите ќе бидат познати на 5 септември. Гласачките ливчиња треба да се добијат до крајот на неделата.
Риши Сунак (42), кандидат фаворизиран од конзервативните пратеници и пофален за неговите потези за време на пандемијата Ковид-19, е помалку популарен кај пошироката партиска база. Трас (47), од друга страна, во последните денови доби низа одобрувања од истакнати партиски членови, меѓу кои и министерот за одбрана Бен Волас.

„Тоа е многу тесна трка и се борам за секој глас“, рече Трус на кампањата за време на викендот.

МИА