„Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти“ Тага во семејството на Верче од „Љубојна“, почина татко и – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/22 4:10 PM

„Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти“ Тага во семејството на Верче од „Љубојна“, почина татко и

Пејачката Вера Милошевска –  Јосифовска, вокал на групата „Љубојна“ го загуби татка си. Таа пред малку на својот Фејсбук профил се прости од него со зборови,

-Татичко мој бе, татко, Страле мој… Вака ли се заминува!? Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти…  Викаше ми се оди негде да излумпуваме, да се изнапееме… Требаше одма, во првата кафана ќеиф да си напрајме!!! Татко мој единствен и специјален, будалче едно… Сите денес спомнете го татко ми, испијте по една од мене, пуштете ја “Кирајџиче, јабанџиче…” благо да му е на душата, напиша Вера.

И брат и на Верче, познатиот драматург во Театар за деца и младинци, Борјан Милошевски се прости од татка си:

-На Фејсбук си пиша: Страле звани пензионер, ја чита читанката за 64-то одделение… Епа падре ја прочита за 69-то и одеднаш те снема… Борбен беше, што се’ си направил за нас. Вечно ќе те сакаме. Завчера последен пат те видов и ми кажа: Добар пат, чувајте се. Одев за Охрид… Епа тебе најсветол ти пат. Оди во мир. Чувај го духот. Ќе провејува како празнина, како воздух што фали и на тебе ќе не’ потсетува… Чувај се. Вечно наш најдобар, духовит другар, татко и борец – слава ти! Те сакаме Страле, напиша Борјан.

Неколку час пред Вера тажната вест ја објави и нејзината мајка, Лидија Милошевска, позната лекарка во пензија.

-Не напушти нашиот Страле…нема веќе шетачки, дружби со најблиските,нема среќен роденден деде,  деде…не остави сите многу тажни. Вечен спокој да има, напиша мајката на Вера.