Македонските карате репрезентативци се вратија со злато од Полска – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/22 11:50 AM

Македонските карате репрезентативци се вратија со злато од Полска

Македонската машка карате репрезентација освои злато во борби на Европската Универзијада во полскиот град Лоѓ, откако тимот составен од Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски во финалето ја совлада Украина со 3-1.

Паралелно со успехот во екипна конкуренција, со златно одличје се закити Давид Петков во поединечна конкуренција, додека Ангела Мојсовска освои бронза.

– Постигнавме голем резултат, за првпат на една европска Универзијада македонските каратисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал. Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал, секако, е најтежок за освојување и затоа сите сме многу среќни, изјави селекторот на универзитетската репрезентација на Македонија – Бошко Заборски.

-Успехот е поголем бидејќи Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија-67 кг. да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг нè направија многу горди, додаде селекторот Заборски.

 

МИА