Двајца работници кои се занимавале со поставување на сценска опрема, загинале во сообраќајна несреќа во местото Расна кај Пожега, кога нивното комбе директно удрило во камион кој доаѓал од спротивната страна, а три лица се тешко повредени.
Жртвите биле дел од тимот задолжен за организација и реализација на концертот на Тропико бенд во Ужице, кој е откажан поради сообраќајната несреќа. По овој повод се огласија и членовите на бендот.
Тие потврдија дека концертот е откажан поради немилиот настан, а потоа ги демантира првичните информации дека тие се меѓу повредените.
„Вечерашниот настап е одложен поради сообраќајната несреќа која им се случи на членовите на продукцијата која беше задолжена за реализација на настанот. Искрено сочувство до семејствата на настраданите. На повредените им посакуваме брзо опоравување“, напишаа членовите на Тропико бенд.
„Добивме многу повици и пораки, благодариме што се грижите. Нам ништо не ни се случи. Медиумите како прва вест пренесоа дека комбето е на бендот, што потоа го исправија“, додадоа од бендот.
Извор: mondo.rs