Утре во Скопје посебен режим на сообраќај, соопшти МВР – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/22 3:33 PM

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 31.07.2022 година (недела), поради реализација на предвидените манифестации во Скопје по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот Скопје.

Притоа, посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 07.30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври” и „Димитрија Чуповски”, и тоа на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин” до крстосницата со ул.„Васил Главинов”, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија денеска од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.