При тропските температури со коишто се соочуваме во последно време, изборот на намирници што ги внесуваме во текот на денот може да помогне во полесно справување со горештините.
Летото е време кога ни одговара лесна и освежителна храна, а за време на топло време е добро да избегнуваме намирници кои го прават токму спротивното. На пр., многу луѓе сакаат да користат зачини, но внимавајте да не се претера… Ни налето, ниту зиме не е добро да се претера со зачините, бидејќи тие ја креваат телесната температура, оти го стимулираат метаболизмот. Заедно со зачините, обично има и месо или сосови со месо. Тешките сосови, дури и оние со морски плодови, можат да предизвикаат прекумерно потење и дигестивни проблеми, пренесува хрватскиот портал „Ординација“.
Посебно лете, препорачливо е да се избегнува и мрсна брза храна, којашто е пржена, чадена и зачинета, бидејќи тука свежината може да ја нема воопшто… Тоа може да предизвика проблеми со дигестивниот систем, но и труење, што секако ќе го уништи летото, морските радости или годишниот одмор.
Од друга страна, пак, она што вообичаено совршено одговара со чаша црвено вино, е сирењето. Покрај тоа што содржи многу калории, сепак, премногу сирење може да направи да се чувствувате надуено и тромо, па затоа е подобро да го намалите и неговиот внос налето. Советот гласи – без претерување.
МИА