Огромен екран падна и повреди двајца танчери пред шокираната публика на концертот на групата Мирор во Хонг Конг.
Екранот прво паднал на еден од нив пред да се сруши врз другите.
Концертот веднаш бил прекинат, а менаџерот на бендот побарал од публиката мирно да ја напушти арената. Полицијата во Хонг Конг за медиумите потврди дека двајца танчери се хоспитализирани.
Локалната болница соопшти дека еден изведувач се здобил со повреда на вратот и е во критична состојба на интензивна нега, додека другиот е во стабилна состојба. Идентитетот на повредените танчери не е соопштен, пишува Би-Би-Си.
„Шокиран сум од инцидентот“, рекол градоначалникот Џон Ли, додавајќи дека се надева дека изведувачот наскоро ќе закрепне.
Главниот извршен директор на Хонг Конг им нареди на градските агенции „темелно да го истражат инцидентот“.
Групата Мирор е исклучително популарна во градот и често се вели дека ја враќа локалната поп-музика од Хонг Конг во живот. Бендот е основан во 2018 година и оттогаш доживеа голем успех со публиката низ Азија.