Дрога насекаде: Кокаин во Охрид, хашиш во Тетово, а марихуана во Струмица и Скопје – Што носи билтенот на МВР? – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/22 12:30 PM

Дрога насекаде: Кокаин во Охрид, хашиш во Тетово, а марихуана во Струмица и Скопје – Што носи билтенот на МВР?

Во денешниот билтен  МВР информираше за неколку пронаоѓања на дрога во неколку града во државава.

Погледнете каде:

-На 28.07.2022 во 01.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(19) од Швајцарија, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 28.07.2022 во 00.30 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода П.С.(33) и И.П.(23), двајцата од Кичево. При контрола на патнички возило „фолксваген пасат“, со кичевски регистарски ознаки, полициски службеници ги забележале лицата како исфрлаат две пакувања, кои откако биле пронајдени, констатирано е дека во нив има кокаин. Исто така, во возилото биле пронајдени уште три пакувања со кокаин.  Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Денеска (28.07.2022) во 01.10 часот во угостителски објект во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Радовиш, затоа што кај него била пронајден и одземена марихуана. За случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Д.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-На 27.07.2022 во 20.55 часoт во село Лешок, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.С.(21) од Република Хрватска, со живеалиште во тетовско Слатино. При преглед во возилото „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден хашиш. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.