Која ја кажува вистината? Нови детали за момчето кое го распарчи хелихоптер во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/22 12:20 PM

Која ја кажува вистината? Нови детали за момчето кое го распарчи хелихоптер во Грција

Грчката полиција се уште се обидува да ја утврди причината за трагичната смрт на 22-годишниот Џек Фентон.

Инспекторите ја отфрлија можноста дека Фентон се обидувал да направи селфи кога трагично починал.

Фентон (22) трагично загина на 25 јули, откако излегол од хеликоптерот додека моторите сè уште работеле.

Младиот човек со пријателите и роднините се враќал од познатиот грчки остров во Атина, по што сите морале да отпатуваат за Англија со приватен авион.
Полицијата и инспекторите за воздушни несреќи сега ја разгледуваат теоријата дека 22-годишното  момче го заборавило мобилниот телефон додека се симнувал од хеликоптерот и побрзал назад да го земе пред да се сврти, пишува Дејли Мејл.


– Нашата истрага продолжува, но една од главните работи што ја истражуваме е дека Џек го заборавил мобилниот телефон во хеликоптерот и затоа наеднаш се вратил да го земе. Сè уште сме во процес на завршување на нашите интервјуа, но голем број очевидци го виделе со мобилен телефон во рака неколку моменти пред да почине. Откако нашата истрага ќе заврши, ќе го испратиме досието до обвинителот кој ќе одлучи дали ќе покрене обвинение, изјавиле од полицијата за Дејли Мејл.

Според овој медиум, Јоанис Кондилис, шеф на Одборот за воздухопловна безбедност и истрага за несреќи, за грчките медиуми изјавил дека од сведочењата што ги собрале, никаде не изгледа дека младиот човек сакал да направи селфи, но некако завршил на задниот дел од хеликоптерот.

– Извештаите велат дека 22-годишникот држел мобилен телефон и го држел до увото, но се уште не е јасно дали зборувал или едноставно се враќал кај пријателите, изјави Кондилис.

Од друга страна, пак, неговата сестра замедиумите изјавила:

– Тоа беше првото возење на Џек со хеликоптер. Тогаш можете да замислите колку бил внимателен и свесен за сè. Се друго, како што е дека трча по асфалтот и ги крши протоколи е ѓубре. Зошто? Затоа што немаше протокол. Никогаш не им било кажано што да прават, а што не – тврди неговата сестра.

Таа додаде дека никој не знае што го натерало да оди кон хеликоптерот.

– Можеби нешто заборавил. Но, лага е дека се вратил да направи селфи – тврди таа, пренесува Дејли Мејл.

Фото: Фејсбук