Јелена и Зоран Живановиќ од групата „Зана“ се во хармоничен брак веќе 11 години, а нивната љубов се родила од пријателство.
– Ние двајца почнавме како пријатели, па компромисот беше неизбежен. Кога запловивме во брачните води и љубовта, веќе добро се искаливме. Успеавме да акумулираме се што не ни се допаѓа кај другиот и да живееме со тоа. Тоа е главниот успех на опстанокот на двајца луѓе – изјави Јелена.
Пред Јелена, Зоран Живановиќ, попознат по прекарот Жика, беше во брак со својата прва сопруга Вера, со која ги има ќерките Тамара и Марија. Вера во една прилика за локалните медиуми изјави дека Жика започнал врска со Јелена додека двајцата се уште биле во брак.
– Не сакаше да признае дека две години ме лажеше дека оди во Полска, а беше во нејзиниот стан. Да немаше оженети мажи, таа никогаш немаше да се омажи! Си нашла крпа закрпа. Да дискутирам и коментирам за жената која исто така беше во врска со нашиот кум Радован? Истото што таа го направи со него, неговата сопруга и синот Никола, го направи и мене и на моите деца. – изјави тогаш Вера, а Јелена и Жика никогаш не сакаа да го коментираат ова.
Сепак, Жика вака ја искоментира изјавата дека тој и Јелена се бореле за својата љубов:
„Навистина се боревме! На тој пат најтешко беше да ги заштитиш оние кои се невини, оние што ги оставаш зад себе. Од оваа дистанца мислам добро го пребродивме невремето и дека бродот сега плови мирно“.
Свадбата ја организирале во тајност во 2008 година, а освен што ја сокриле локацијата каде ќе се венчаат, ангажирале и обезбедување за да се заштитат од медиумското внимание. На церемонијата присуствуваа само најблиските членови на семејството и пријателите, но меѓу нив ги немаше ќерките на Жика од првиот брак.
Јелена и Жика отворено проговорија за тоа дека на секој начин се труделе да добијат заедничко дете, и дека размислувале за посвојување.
Извор: Пинкрс