Неодамна како бомба во јавноста одекна веста дека Бајага се развел од сопругата Емилија по 30 години брак. Иако медиумите во целиот регион ги наполнија страниците со приказната за разводот, музичарот во оваа прилика не се огласи, а сега ексклузивно за порталот „Аваз“ изјави:
-Никогаш не зборував за мојот приватен живот… А, добро, гледате дека разводот беше пред повеќе од година и пол, а дури сега се дозна. Тоа беше многу одамна за да се сетам, рече тој.
Бајага претходно се огласи на својот Фејсбук профил:
– Иако не сум поддржувач на јавното мислење и во жолтиот печат да протекуваат работи од приватниот живот… иако веројатно сите веќе знаете… Па дозволете ми да се изјаснам. Официјално разведен, напиша тој
Емилија никогаш не сакала да се експонира во јавност и нејзината приватност секогаш бил на прво место. Со Бајага е во брак од 1989 година, а заедно ги имаат ќерката Анџела и синот Марко.