Кремљ објави нова мапа на Европа, што ќе остане од Украина! Покрај Русија ќе се офајдат уште три држави – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/22 9:52 PM

Кремљ објави нова мапа на Европа, што ќе остане од Украина! Покрај Русија ќе се офајдат уште три држави

Заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев на својот канал Телеграм објави карта на Европа на која поголемиот дел од територијата на денешна Украина припаѓа на други земји.

„Во мозокот на претседателот на Украина погоден од психотични супстанци, се појави следнава слика за светлата иднина на неговата земја (слика 1).

 

 

Западните аналитичари веруваат дека тоа навистина ќе биде така (слика 2)“, напиша Медведев на карта.

 


На оваа карта, само Киевската област е означена како територија на Украина. Останатите региони се доделени на Русија, Полска, Романија и Унгарија.

Пред изјавата на Медведев, украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави за медиумите дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им наредил на украинските војници да развијат план и да ги вратат териториите окупирани од руската армија.
Извор и фото: Мондо.рс