Починаа двајца скопјани – Само во Демир Капија нема заразени од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/22 2:47 PM

Починаа двајца скопјани – Само во Демир Капија нема заразени од Ковид-19

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 897 случаи на КОВИД-19 од направени се 1.828 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу се во Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево – по 2, Богданци – 1.

Од вкупниот број на позитивни (897), реинфекции се 215.

Регистрирани сe 638 оздравени пациенти од: Скопје – 296,Охрид – 63, Битола – 45, Кавадарци – 34, Велес и Тетово – по 25, Струга – 21, Струмица – 19, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 13, Неготино – 12, Кичево – 10, Гевгелија – 7, Радовиш – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 4, Куманово и Делчево – по 2, Дебар, Валандово, Кратово, Виница и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати  во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  не се  регистрирани починати лица.

Скопје и понатаму води по број на заразени, вкупно 2.217 лица, додека единствен град без заразени е Демир Капија