Селена Гомез неодамна го прослави својот триесетти роденден, а нејзината животна приказна е неверојатна и воопшто не наликува на бајка.
View this post on Instagram
Нејзината приказна може да ве натера да се запрашате што е тоа што е најважно во животот. Слава, кариера, пари, успех и моќ…сето ова паѓа во вода во моментот кога здравјето е загрозено. Селена Гомез ја запознавме преку бројните серии на Дизни, со кои таа стекна голема популарност. Селена млада влезе во суровиот свет на популарноста, а тоа ѝ донесе големи ментални проблеми. Таа имала тешко детство, па славата која ја стекна се чини ѝ донесе повеќе проблеми отколку корист.
Љубовта за неа исто така беше турбулентна. Нејзина најпозната врска е онаа со музичката ѕвезда, Џастин Бибер.
Првите проблеми со кои Селена почнала да се соочува ги донел разводот на нејзините родители кога имала само пет години. Таа никогаш не се обиде да сокрие од јавноста дека имала тешко детство, а на моменти семејството немало ниту што да јаде. Сепак, пејачката откри дека нејзината мајка секогаш се жртвувала за да не ѝ недостига ништо.
„Мојата мајка го подреди целиот свој живот на мене и моите потреби. Таа работеше и по три работи за да ми биде подобро и јас вечно ќе ѝ бидам благодарна“, истакна Селена.
Својата кариера ја почна со улога во американската детска серија Барни и пријателите, по што следуваа уште низа ангажмани. Покрај блескавата кариера, Селена се соочи со бројни приватни и здравствени проблеми. Имено, ѝ беше дијагностициран лупус, што претставува хронична автоимуна болест. Во 2017-та година таа мораше да се оперира па ѝ беше направена трансплантација на бубрег. Она што е емотивно, е дека бубрегот ѝ го донираше нејзината пријателка Франсија Раиса.
„Франсија со својот живот го спаси мојот. Таа ми е како сестра, нема зборови со кои би можела да ѝ се заблагодарам“, изјави Селена.
Пејачката исто така водеше битка со депресијата и паничните напади па заврши на клиника за рехабилитација.
„Мојата самодоверба беше уништена. Бев депресивна, имав панични напади во моментите пред да излезам на сцена или веднаш по настапите. Чувствував страв дека не сум доволно добра, дека сум неспособна“, објасни пејачката.
„Нас девојките нѐ учат да бидеме отпорни на сѐ, јаки и секси, кул и опуштени, но мора да ни биде дозволено некогаш и да се распаднеме“, посочи Селена.
Таа успеа да се избори со депресијата благодарение на политиката на рехабилитационата клиника која вклучува забрана за употреба на мобилен телефон, компјутер, списанија…
„Бев во соба со шест девојки на кои воопшто не им беше гајле која сум и што сум, бидејќи и тие се бореа за сопствениот живот. За мене тоа беше невројатно искуство, нешто најтешко, но и најубаво што го имам направено“, изјави Селена. Нејзините први психички проблеми се појавија по бурната врска со Џастин Бибер. Тие беа во долгогодишн врска проследена со многу подеми и падови, па дури и раскинувања. Поради целокупната ситуација, оваа врска важеше за токсична. До нивното конечно раскинување дојде во 2018 година откако пејачката почна да се соочува со депресија, а потоа призна дека имала и суицидни мисли.
Бибер призна дека бил егоист и дека не се однесувал добро кон пејачката. Парот безуспешно се обиде да ја обнови својата врска неколку пати по раскинувањето. Бибер наскоро потоа почна врска со Хејли, за на крај да се венча со неа. Оваа вест длабоко ја погоди Селена, која заврши на Психијатрија во Лос Анџелес.
„Имав многу проблеми со депресијата не го кријам тоа. Меѓутоа мислам дека никогаш нема да успеам целосно да ја надминам таквата состојба. Мислам дека цел живот ќе ја водам таа битка, но тоа не ми пречи бидејќи знајм дека секогаш ќе сум си на прво место – призна Селена.
Извор: stil.kurir.rs