Поранешните претседателка и премиерка на Хрватска се „поткачија“ за повикот за отворање на Пељешкиот мост.
Додека Колинда Грабар-Китаровиќ била таму и се шетала по него, Јадранка Косор се пожалила дека не била ни поканета.
Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ на социјалните мрежи објави видео „Мојата прва прошетка на Пељешки мост. Ја поврзуваме Хрватска“, напиша таа и се гледаа нејзините потпетици, а потоа и сините осветлени столбови на мостот.
View this post on Instagram
Потоа седнала на асвалтот и се фотографирала со мостот во позадина.
Иако доби бројни пофалби, имаше и некој на кој не му се допадна однесувањето на поранешниот шеф на државата.
View this post on Instagram
Поранешната премиерка Јадранка Косор не била на церемонијата на отворањето на Пељешкиот мост бидејќи „поканата ја добила само четири дена претходно“.
Таа за тоа ја обвини актуелната власт, а на Твитер се пожали на се и сешто, удирајќи кон Грабар-Китаровиќ.
„Се јавија, пратија е-пошта пред четири дена. Немам автомобил, превоз и осигурување како бившата која седи по мостови, па не можев ништо да организирам во целата таа гужва. Можев да земам само такси од Загреб до мојата дестинација, без право на првенство на минување. И тоа го знаеја“, објасни Косор.
Izbrisala sam odgovor @HamedBangoura o pozivu za most. Nisam htjela pozornost. Kao da ništa nisam rekla.
— Jadranka Kosor (@_Jadranka_Kosor) July 27, 2022
Косор потоа го избришала твитот бидејќи не сакала да привлекува внимание.
Извор и фото: курир.рс