Миленикот на публиката, еден од нашите најпопуларни пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано за празникот Илинден ќе настапи во Маврово.
Поточно, Лозано заедно со својот бенд ќе одржат двочасовен концерт во ексклузивниот ресорт „Радика“, а гости се очекуваат од повеќе градови на нашата земја, со оглед на тоа дека овој познат туристички центар е преполн за овие празнични денови…
„Ова е мој прв настап во Маврово како што паметам и искрен да бидам многу се радувам. Сум пеел скоро во сите градови во Македонија, но ова ќе биде прв настап во Маврово. Јас сум сигурен јас и мојот бенд ќе го дадеме максимум од себе и дека ќе направиме концерт за паметење“ – накусо изјави популарниот пејач.
Лозано цело лето има набиена агенда со настапи. Неодамна беше настапот на „Пиво-фест“ во Прилеп, па на 30-ти јули следува заедничкиот концерт со „Некс Тајм“ на „Антички театар во Охрид“, па на 2-ри август во Маврово, па потоа Струмица, Кичево, Богданци и уште неколку други градови…