ЕУ и САД од украинскиот народ направија робови, вели Захарова – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/22 11:16 AM

ЕУ и САД од украинскиот народ направија робови, вели Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на радио Спутник изјави дека акциите на земјите од Европската унија и САД ја доведоа Украина во позиција на ропство во однос на Западот.

Захарова ги коментираше зборовите на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок, која рече дека изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија „ќе му помогне на народот на Украина да се ослободи од антинародниот и антиисторискиот режим на Киев“ укажува на намерата на Русија целосно да ја потчини Украина.

„Можам да и одговорам дека акциите на нејзината земја, заедно со акциите на земјите од ЕУ и САД, ги направија Украина и украинскиот народ ропски зависни од западните земји“, рече Захарова.

Фото: Фејсбук