Џејсон Момоа имал сообраќајка, моторциклист удрил во него, пред да удри тој во бетон – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/22 10:54 AM

Џејсон Момоа имал сообраќајка, моторциклист удрил во него, пред да удри тој во бетон

Актерот Џејсон Момоа (42) кој се прослави со улогата во филмот „Аквамен“ доживеа сообраќајна несреќа во Калабасас, Калифорнија.
Актерот, кој го обожаваат жените, се судри со мотоциклист кој преминал на спротивната лента.
Според ТМЗ, мотоциклистот ја преминал двојната жолта линија и удрил со левиот преден дел од автомобилот на Џејсон доволно силно за да падне од мотоциклот.

Возачот наводно удрил во шофершајбната на својот автомобил пред да удри во бетонот.

За среќа, никој не е сериозно повреден. Мотоциклистот со полесни повреди бил пренесен во болница.