Драгана Катиќ (56) по 24 години лојалност кон „Гранд“ продукција ја напушта емисијата „Никогаш не е доцна“ и си заминува од телевизијата.
Српските медиуми информираат дека водителката Катиќ ни помалку ни повеќе туку ќе се пресели во ТВ Пинк.
Извор близок до водителот кој сакаше да остане анонимен открива детали од медиумскиот трансфер, пренесува курир.рс.
– Драгана оваа понуда ја доби неодамна. Предлогот за приклучување кон розовото јато дојде како резултат на желбата на лидерот на Пинк да ги собере најпознатите водителски ѕвезди во своето медиумско друштво. Драгана со години водела програми кои според својот жанр биле исклучиво музичко-забавни емисии, а како што сега стојат работите Пинк ќе се врати на телевизискиот формат што ја прослави.
Не сите се сеќаваат дека кариерата на Катиќ започнала во Радио-телевизија Белград и дека ја водела Утринската програма.
– Драгана на Пинк треба да биде главното и водечко лице на новиот концепт на Утринската програма, кој ќе стартува во септември. Понудата многу и се допаднала бидејќи, покрај тоа што ја враќа во нејзиниот примарен жанр на забава и информирање, и дава можност да се претстави и пред новата и старата публика во полн сјај на своето долгогодишно искуство. На Драгана покрај водителка и беше понудено и местото уредник на утринската програма во деновите кога работи, што за неа претставува голем предизвик и задоволство. Така ќе може да се справи со оние теми кои лично ја потресуваат, ја инспирираат и возбудуваат – објаснува изворот, пренесува курир.рс.