Тирамису со праски – вашиот омилен десерт во нова варијанта! – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/22 5:13 PM

Тирамису со праски – вашиот омилен десерт во нова варијанта!

Тирамису со праски може да биде новиот омилен колач на сите љубители на овој италијански десерт. Бисквитите, сочните праски, вкусната крема и бадемите се фантастична летна комбинација. Освен што освежува, овој колач е многу лесен за правење, потребно ќе биде да одвоите само половина час и што е најважно – не се пече! Единствено е важно неговото приготвување да го испланирате однапред бидејќи потребно е да стои во фрижидер минимум шест часа пред да го послужите.

Потребни состојки:

200 грама слатка павлака

225 грама маскарпоне сирење

4 праски, излупени и исечени на коцки

250 мл сок од праска

1 пакување бисквити (24 парчиња)

Постапка

Излупете ги праските, исечете ги на коцки и оставете ги да отстојат 30 минути во сокот од праски.

Сирењето и шеќерот во пракс изматете ги со миксер, а во посебен сад изматете ја слатката павлака. Потоа нежно соединете го шлагот со кремот. Кремот, бисквитите и праските ставете ги во широк сад или плех. Најпрво се редат бисквитите откако прво ќе ги потопите во сок од праска, додека не се покрие дното. Ставете половина од смесата и убаво распоредете ги бисквитите. Потоа ставете еден ред сечкани праски. Следи уште еден слој бисквити натопени во сок со остатокот од кремот. По желба, тирамисуто може да го наросите со исечени бадеми. Пред сервирање, колачот треба да се остави во фрижидер најмалку шест часа или преку ноќ.

 

Извор и фото:  zena.rtl.hr