(Видео) Се рушеа згради, луѓето панично бегаа – Силен земјотрес на Филипини – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/22 9:00 AM

(Видео) Се рушеа згради, луѓето панично бегаа – Силен земјотрес на Филипини

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).

Жителите беа евакуирани, а многу згради беа оштетени, некои дури и урнати. Засега нема информации за можни жртви.
Земјотресот се случил во 8:43 часот по локално време (20:43 часот по средноевропско време), според УСГС.


Агенцијата првично го означи земјотресот со јачина од 7,1 степени, пред да го намали на 7,0.

Неговиот епицентар бил на околу 13 километри југоисточно од малиот град Долорес, во провинцијата Абра, на длабочина од 10 километри (6,2 милји), според УСГС, пренесува ЦНН.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) соопшти дека граѓаните треба да се подготват за последователни потреси, но соопштија дека не е издадено предупредување за цунами.