Засега повредени се тројца, но бројката може да се зголеми – Верижна сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/22 8:25 PM

Засега повредени се тројца, но бројката може да се зголеми – Верижна сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

Три лица се повредени по верижна сообраќајна несреќа што денеска околу 12:50 часот се случи на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во близина на Мотел Парк Панорама и месноста Баткова Чешма.

Според информации на Итната медицинска помош, повредените се хоспитализирани и дел од нив се упатени во најблиските клинички центри. Бројката на повредени, како што додадоа, можно е да биде зголемен, поради поголемиот број патници кои се наоѓале во возилата кои учествувале во верижниот судир.

На местото на несреќата увид вршат екипи на делчевската полиција, а присутно е и возило на противпожарната единица од Делчево.

Полицијата информира дека двајца од учесниците во сообраќајната несреќа побегнале од местото на несреќата.

Дополнителни информации за причините за несреќата и бројот на повредени лица од полицијата најавија во текот на денот.