Забременила во менопауза: Ова е доказ дека чуда се случуваат – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/22 3:49 PM

Забременила во менопауза: Ова е доказ дека чуда се случуваат

Мајката на две деца која на ТикТок ја знаат под името EmMoments има 51 година, а забременила на 48 и на 49 години.

Нејзиниот случај е редок, а оваа жена изгледа посреќно од кога било. Таа вели дека сакала уште две деца, но дека нејзиниот организам е веќе уморен. Својата втора ќерка таа ја родила додека поминувала низ процесот на менопауза, а на ТикТок редовно објавува снимки на кои е со семејството.

„Бремена на 48 и на 49 години. Не сум луда, само сум исклучително благословена. И уморна! Навистина сум уморна“, изјавила оваа мајка додавајќи на шега: „Ми требаат пријатели за озборување! Сериозно. Да ме држат будна“.

Корисниците кои ја следат редовно ѝ упатуваат позитивни коментари бидејќи таа расте деца на оваа возраст. Меѓу нив, е и мајка која исто така се породила во менопауза:

„Таа има една година, а јас имам 51. Породувањето во менопауза е најдобрата работа која некогаш ми се случила. Чуда се случуваат“, коментира корисничката.

По ваквите зборови, на неа се надоврзаа луѓе со слични искуства, но и деца на родители во поодминати години.

„Имам 43 години и би сакала повторно да се омажам и да имам уште едно дете. Ова е за мене само знак дека апсолутно сѐ е можно“, „Мојата мајка ме добила на 50 години и бев едно од најсреќните деца“, „Мојата мајка имала 42, а мојот татко 52 години кога добиле близнати. И двајцата живееја долги и здрави животи, ги видоа своите внуци како растат“, се само дел од коментарите.

 

Извор: yumama.mondo.rs