Габриел Бајрам на распит за кражба на струја и „копање“ биткоини – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/22 3:16 PM

Габриел Бајрам на распит за кражба на струја и „копање“ биткоини

Габриел Бајрам, синот на починатиот пратеник Амди Бајрам, со полициска придружба бил донесен во полициска станица на распит за кражбата на струја во ГТЦ и копањето на биткоини, информира мкд.мк.

Според порталот Бајрам неколку пати бил повикуван во полициска станица, му биле испраќани покани, но не се појавувал пред службените лица. По ова по него бил распишан централен распис и на 30 јуни, годинава бил приведен и спроведен во полициска станица на службен разговор.
„Ве известуваме дека по насоки и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје преземени се повеќе мерки и активности за расчистување на случајот. По неколку неодговарања на покани и непојавување на службен разговор во полициска станица, а по распишан централен распис, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје и со него бил извршен разговор во полициска станица”, одговорија од МВР.

Во декември, лани Обвинителството и МВР изјавија дека никој не пријавил сомнеж за кражба на струја и дека за настанот во Градскиот трговски центар нема сомнеж за кривично дело.

Габриел бил забележан на прославата на Владата  минатата недела во Клуб на пратеници, а фотографијата се шеруваше на Социјалните мрежи.

Извор: мкд.мк

Фото: Фејсбук