Во шумските предели на Халкидики утрово избувнаа три пожари. Противпожарните екипи се на терен.
Според грчката противпожарна служба, местата каде беснеат пожарите се Фурка и Неа Фокаја на Касандра. Се додава дека пожарот најверојатно бил последица од удар на гром.
#Πυρκαγιές σε δασικές εκτάσεις σε περιοχές της Σιθωνίας και της Κασσάνδρας Χαλκιδικής. Επιχειρούν επίγειες και εναέριες δυνάμεις.
— Πυροσβεστικό Σώμα (@pyrosvestiki) July 25, 2022
Повеќе од 20 пожарникари се борат со пламените јазици. Во овој момент нема опасност за станбени објекти, но пожарот опасно се доближува до станбени населби.
Пожарот беснее и во областа Заипи на Касандра. Седум противпожарни возила и 15 пожарникари се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Пожар избувна во областа Мала Калива во непристапниот дел на Касандра, додека во областа непосредно пред тоа врнеше дожд.
Пожар избувна и во областа Карвунас во Неос Мармарас, Ситонија утрово.