Поранешниот продуцент на Ејми Вајнхаус, Салам Реми, сподели трогателна објава на Инстаграм по повод годишнината на пејачката.
Пораката која му ја испратила Ејми ги расплака нејзините фанови.
„Ми недостигаш, ајде, јави ми се… Ако не ми се јавиш, не знам што ќе правам“, се слуша гласот на Ејми, веднаш зад видеото од нејзиниот спор “In my bed”, која ја објави и нејзиниот поранешен продуцент.
View this post on Instagram
Салам Реми работеше со пејачката од самиот почеток на нејзината кариера, поточно во 2003 година, пишува „Холивуд репортер“.
Ми недостигаш“, напиша накратко во описот на својата објава.
Ејми почина на 23 јули 2011 година. Беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лондон. Според првите полициски извештаи, причината за смртта не била позната, но подоцна се дознало дека пејачката починала поради труење со алкохол. Имаше само 27-години.