(Видео) Појасот кога Али го нокаутираше Форман во 1976 година продаден за шест милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/22 10:54 AM

(Видео) Појасот кога Али го нокаутираше Форман во 1976 година продаден за шест милиони долари

Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари.

Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција.

Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис.

Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија.

Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.

МИА

Фото: Принтскрин Јутјуб