Со растот на температурите расте и ризикот од главоболка, предупредува неврологот Михаљев – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/22 11:00 AM

Со растот на температурите расте и ризикот од главоболка, предупредува неврологот Михаљев

Порастот на температурите го зголемува ризикот од појава на главоболка, покажуваат бројни студии.

Летните горештини предизвикуваат проширување на крвните садови во главата, што води кон притискање на нервните завршетоци, па доаѓа до многу чувствителни ситуации како и нормалниот проток на кртва го чувствуваме како болка. Во текот на летото може да се јави главоболка поради постојаното напрегање на мускулите на лицето и очите со цел да се заштитиме од јакото сонце, а ако сте долго на сонце може да добиете и сончаница, која исто така предизвикува главоболка и мачнина. Токму сончаницата која се јавува по долгото изложување на главата на сонце, може да предизвика мигрена.

Хроничната изложеност на високи температури може да предизвика значајно пореметување на мозочните функции, односно мигрена која може да трае и до 48 часа. Се смета дека до ваквиот тип мигрена се доаѓа поради наглото лачење на серотонинот по пореметувањето на терморегулациониот систем. Од таа причина, на пациентите со мигрена им се препорачува константна заштита на главата во текот на летото“, објаснува прим. Д-р Иван Михаљев, специјалист по неврологија.

Внимавајте на исхраната

Освен јакото сонце, луѓето со јака мигрена треба да го избегнуваат конзумирањето на одредени намирници за кои се знае дека може да предизвикаат мигренска главоболка. Во ваквите намирници се вбројуваат црвеното вин, црната чоколада, презрело овошје, ферментирано сирење и црно грозје. Во сите овие намирници се наоѓа супстанцата тирамин, на која луѓето со мигрена се нетолерантни.

 

Извор: zena.blic.rs