(Видео) Четворица добија по 12 години затвор за полов напад на дете – осудени се без докази, реагираат роднините – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/22 3:05 PM

(Видео) Четворица добија по 12 години затвор за полов напад на дете – осудени се без докази, реагираат роднините

Четири лица денес добија затворска казна за полов напад на дете од Пробиштипско, што не наполнило 14 години. Судскиот процес се водеше во Основниот суд во Штип.. На судската казна пред судот реагираа роднините на останатите тројца обвинети. Велат дека без докази неправедно се осудени. Адвокатката на обвинетите, Виолета Петковска вели дека нема докази за делото и дека жртвата дури три пати ја менувала изјавата.


 

 

 


Петковска додава дека станува збор за семејства кои што се во неповолна материјална состојба и дека немаат средства за да финансираат дополнителни вештачења на понудените докази.
Роднините на обвинетите тврдат дека нивните блиски се невини и дека целата оваа работа била исконструирана од очувот на жртвата.


 

 

 

Во врска со случајот и донесената пресуда, се огласија и од штипскиот основен суд.

„По завршување на главната расправа по предметот К.бр.200/22, Основниот суд во Штип во Совет донесе Пресуда, со која обвинетите ги огласи за виновни секого за по едно сторено кривично дело „Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од чл.188 ст.1 од КЗ. Истите согласно чл.188 ст.1 од КЗ и чл.4, 32, 35,3 9 од КЗ и чл. 102, 105 и 404 од ЗКП судот ги осуди на казна затвор во траење од по 12 (дванаесет) години секој.

Судот ваквата одлука писмено ќе ја образложи, со што ќе биде дадено право на жалба. На обвинетите им е продолжена мерката притвор “ се вели во соопштението од судот.