Концерти на Тони Зен, Реља, Бресквица и Таско во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 07/22/22 10:38 AM

Концерти на Тони Зен, Реља, Бресквица и Таско во Охрид

Најпопуларните музички имиња од регионалната сцена на 27-ми и 28-ми јули ќе ја забавуваат многубројната публика на „Билјанини извори” во Охрид.

На 27-ми јули на сцената на „Билјанини извори” ќе застане Реља Поповиќ- момче кое јавноста ширум регионов го запозна преку составот „Елитни одреди“, за по неколку години поминати во бендот да се испроба и во соло водите. Тој успеа да остане скромен и доследен , па токму поради тоа е и омилен кај публиката.

Истата вечер, на Реља ќе му се придружи и Таско кој себеси се смета како слободен дух, бидејќи со години го прави она што го прави среќен, држи широк поглед кон светот, има јасна визија и знае што сака.

Веќе следниот ден, односно на 28-ми јули сцената ќе ја делат српското рап дуо ТХЦФ, тинејџ ѕвездата Бресквица, како и нашиот Тони Зен.

Концертите почнуваат од 21часот.