„Ден на младиот фармер“ во Свети Николе – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/18 10:35 AM

„Ден на младиот фармер“ во Свети Николе

26.09.2018
Плакетата за најдобар млад фармер во Општината ја доби Марио Петрев од селото Амзабегово
За првпат во Свети Николе се одржа манифестацијата „Ден на млад фармер во Македонија“, во организација на Мрежата на млади фармери, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Општината Свети Николе.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=7_-AKStDff4]
Манифестацијата, чија цел е анимирање и поттикнување на младите земјоделци заради развивање на агробизнисот и нивно останување во родните места, се одржа на светиниколскиот плоштад Илинден, каде што беа поставени многубројни штандови на земјоделски производители, претпријатија и дистрибутери, на кои беа изложени земјоделски производи, храна и земјоделска механизација.
На штандовите на светиниколскиот плоштад и трактори и друга земјоделска мехнизација
Присутните ги поздрави градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, кој истакна дека ваквите настани отвораат нови можности и перспективи младите земјоделци се’ повеќе да го развиваат своето производство и се’ повеќе да бидат присутни на пазарите во земјата и во странство со квалитетни производи.
– Свети Николе е најземјоделскиот град во Македонија. Во Општината околу илјада земјоделци и’ плаќаат даноци на државата и живеат од земјоделството и фармерството. Затоа и локалната самоуправа ги поттикнува сите вакви настани, со цел да овозможиме афирмација не само кај младите, туку и кај постарите. Поттик во секој поглед ќе имаат сите млади земјоделци,