Рики Мартин победи на суд: Внукот ја повлече тужбата дека го злоставувал и имале романтична врска – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/22 8:37 PM

Рики Мартин победи на суд: Внукот ја повлече тужбата дека го злоставувал и имале романтична врска

Поп-ѕвездата Рики Мартин го доби случајот со својот внук откако тој реши да ги отфрли сите обвиненија против него.

Пејачот денеска се појави на суд, но преку апликацијата ЗООМ, бидејќи беше обвинет за романтична врска со неговиот внук. Во обвинението и неговиот внук изјавил дека пејачот го малтретирал и го демнел.

Според извештаите, судијата ја отфрлил наредбата за приоѓање што била изречена претходно. По рочиштето се огласија и адвокатите на пејачката.

-Како што очекувавме, судот не ја продолжи забраната. Обвинителот (внук на Рики) пред судот изјави дека оваа одлука е само негова, и дека никој не влијаел врз него. Тој изјави и дека е задоволен од луѓето кои го застапувале во оваа правна постапка – пишуваат во соопштението и продолжуваат:
– Барањето за отпуштање на овој случај дојде од обвинителот. Ова не е ништо повеќе од случај кога поединец упати лажни обвинувања без начин да ги поткрепи. Драго ни е што нашиот клиент победи на суд и сега може да продолжи со својата кариера и живот.

Извор: Телеграф.рс